И ДРУГИ БИТОЛЧАНИ САКААТ ВО 11 ОКТОМВРИ

Благојче Рутески, офанзивен лев бек

Сигурно останувам наесен најавува еден од најзаслужните за пласманот во прва лига

Екипата на 11 Октомври со шампионски второлигашки пехар влезе во Првата лига, а меѓу најзаслужните е офанзивниот лев бек, Благојче Рутески. Придонесе во одбраната, уште повеќе во нападот, според определбата на тимот. Постигна серија клучни голови. Планот целосно го остваривме. Задоволен сум од своите игри, вратен од средината на необична позиција. Дадов максимум како цела екипа. Одлична сезона – вели Рутески. Погледите се кон Прва лига. Многубројните навивачи очекуваат многу од тимот на Николче Здравески. Можно е да се атакува на висок пласман од дебитантската сезона. Приоритет секако е создавање стабилен прволигаш. За амбициите можеме да зборуваме подоцна. Прво да видиме со каков играчки кадар ќе конкурираме. Ќе имаме квантитет кој ќе донесе квалитет – истакнува Рутески. Најавени се засилувања на сите позиции. Многу скоро ќе се знаат имињата. Веќе се изготвува и трансфер листа на заминати или отстапени. Се задржува сé што е вредно, а меѓу нив е Рутески. На разделбата пред одморот, рекоа дека сметаат на мене. Сигурно останувам наесен – порачува Рутески. Рутески е еден од тројцата битолчани, покрај голманот Коруновски и напаѓачот Димитровски. По отпаѓањето на Пелистер, се слушаат шпекулации за преселба на други негови сограѓани во Прилеп. Клубот 11 Октомври го знаат како еден од најорганизираните во земјата. Сé што е ветено, е навреме исплатено. Затоа и други битолчани се интересираат – заврши Благојче Рутески. Одморот за Рутески и соиграчите привршува, бидејќи стартот на подготовките е предвиден до 20 јуни.

Мегленски да заздрави

Непријатна повреда на коленото има Тони Мегленски. Соиграчите го храбрат и му посакуваат брзо заздравување. Рутески ја потенцира улогата на плеј-мејкерот. Не е исто со и без Мегленски во средниот ред. Му давам поддршка со надеж дека есента ќе заигра – вели Рутески.

Ждрепка околу 24 јуни

ФФМ најави ждрепка за Првата, Втората лига и Купот. Во Првата лига ривали на 11 Октомври се: Шкендија, Ренова Џепчиште, Тетекс (Тетово), Металург, Работнички (Скопје), Силекс (Кратово), Хоризонт Турново (Струмица), Брегалница (Штип), Напредок (Кичево), Охрид и Миравци (Гевгелија). Во Втората лига Победа јуниор е со 15 противници: Скопје, Вардар, Еуромилк Горно Лисиче, Локомотива, Треска (Скопје), Дрита Боговиње, Руфеја Милетино (Тетово), Пелистер (Битола),Тиквеш (Кавадарци), Беласица (Струмица), Риниа (Гостивар), Влазерими (Кичево), Осогово Кочани), Кораб (Дебар) и Охрид лоте. Во Купот меѓу 32 екипи се 11 Октомври и Победа ј.

Loading