НАЈ ПЕТКА ИЗБРА НАЈ!

Bez zdiv pred proglasuvanje na najdobrite - direktorite na OU

Деветмесечното другарување на учениците и наставниците со страниците на неделникот Зенит и детската страница Петка, се оконча со прогласување на седум нај ученици, седум нај наставници, едно нај одделение и едно најучилиште на пладневен хепенинг на камената сцена. Доделувањето на наградите нај се збогати со раскошна забавна програма, организирана од децата и наставниците на ланското најуспешно училиште Гоце Делчев. Прогласувањето го почести со присуството и градоначалникот Марјан Ристески. Изборот се вршеше цела година со предлагање најуспешни со аргументи и комплименти за своето другарче, наставник или училиште преку електронска пошта. Сандачето со е-мајли со најмногу гласови нај, прибра за основното училиште Кире Гаврилоски – Јане. Нај одделение годинава е прогласено ВИИИ г од ОУ Добре Јованоски. Меѓу илјадниците кандидатури се преброија најмногу гласови да го понесат епитетот нај за ученикот Божидар Стеваноски, 8 а – од Кочо Рацин, Искра Белческа, 5-1, од Климент Охридски, Ѓорѓи Сиракоски, 8 одд. од Гоце Делчев, Стефан Ристески, 8-4, од Блаже Конески, Давид Јакимов, 7-в, од Кире Гаврилоски Јане, Марија Блашкоска, 8-б, од Рампо Левката и Ајџан Маликоска, 8-г, од Добре Јованоски. Со признанието нај наставник на Зенит Петка се закитија Звонко Мирчески од Кочо Рацин, Цветан Волчески од Климент Охридски, Бранко Бабаноски, од Блаже Конески, Виолета Угриноска од Гоце Делчев, Емилија Богданоска – Трифуноска од Добре Јованоски, Габриела Јосифоска – Димеска од Кире Гаврилоски – Јане и Чона Макеска од Рампо Левката. Зенит прогласи и нај гласач, кој со илјада гласови, ги поддржа своите фаворити, а тоа е Јулија Сисиркоска од 5-в, ОУ “Гоце Делчев”.

 

Loading