ГРАЃАНИТЕ ДА СТАНАТ АКЦИОНЕРИ

ЛДП

“Главен темел на програмата на ЛДП е граѓаните да станат акционери”. Ова го акцентира претседателот Јован Манасијевски. Според него, Во Македонија има уште четири милијарди евра неприватизиран државен капитал во преку 30 јавни претпријатија и акционерски друштва, како што се Македонски телеком, Железници, ЕЛЕМ, Македонски пошти, РЕК Битола. Од приватизацијата на државниот имот, граѓаните не добија ништо. Ниту 300 илјади земјоделци, ниту просветните, здравствените работници, ниту полицајците, воените лица. Лажат дека сé е приватизирано и СДСМ, и ВМРО-ДПМНЕ, кои не влечкаат во транзицијата – рече Манасијевски. Лидерот на ЛДП ја критикуваше казнената политика, која е погубна за малите фирми и за граѓаните.

Loading