ЖИТО ПРИЛЕП ОДБИРА ЗАСИЛУВАЊА

Ракомет: Управата на потег

Женскиот ракометен суперлигаш, Жито Прилеп, со победата над Вардар (36≠32) во последното коло, им даде деветдневен одмор на ракометарките, но управата токму сега се зафати со работа. Клубот, со оглед на амбициите на четири фронта, домашните куп и првенство, Регионалната лига и Купот на куповите, реализира план за квалитетни засилувања. Мораме да земеме шест ≠ седум нови, цела постава. Би сакал суперквалитетни на позициите голман и десен бек ≠ вели тренерот Ристо Магдинчев. Засилувањата се од странство, бидејќи од домашните нема голем избор. На јавноста í се познати Русинките Ксенија Ринкова и Софија Черникова од Звезда Звенигород, Црногорките Даниела Митановиќ и Тамара Стојановиќ од Будуќност. Има уште многу потенцијални, но неизвесноста ќе трае. Ќе ги откриеме засилувањата наскоро. Можеби и ќе капариме од фајнл форот во Заечар, каде ги следевме четирите најдобри од Регионалната лига. Со поквалитетен тим имаме основа, потребен предизвик и мотив ≠ истакнува Магдинчев. Новите се за меѓународните натпревари, Регионалната лига и КПК. Во балканската лига противници засега се српските Заечар, Јагодина, Књаз Милош и Раднички Белград, црногорските Будуќност и Бисери, покрај скопски Металург. На 11 јуни во Крагуевац е наредниот состанок за дефинитивен изглед на Лигата. Силна конкуренција, каде е нужно да сме силни. Со засилувањата ќе се спротивставуваме на секој ривал ≠ подвлекува Магдинчев.

Кадетките на титула

Во арената Сонце, в недела е завршницата од првенството за кадетки. Жито Прилеп во полуфиналето се бори со скопски Металург. Вториот дуел е Феникс Битола ≠ Велкова. Претпладне дуелите се од 10 и 12, попладне во 16 и 18 часот. Во екипата на тренерот Менде Петлески предводнички се голманката Сандра Дурланова и бекот Марија Петлеска.

Ристо Магдинчев, Работам како да останувам четири години

Не е официјално, но извесно е продолжувањето на соработката со тренерот Ристо Магдинчев. Има расположение од двете страни. Продолжувам, како да останувам најмалку уште четири години. Се посветувам на подготовките ≠ рече Магдинчев.

Loading