ХЕТ ТРИК ОД КАФЕАНА

Историја

Не бледнеат сеќавањата и по пет години од ненадејната смрт на Бразилецот Рожерио Оливеира. Се споменува како еден од најдобрите во историјата на Победа. Имаше доблести, но и разни ѓаволштилаци. Летото 1999 г. менаџерите му нудеа да премини во други земји. Очекуваше, но никако да замине. Клубот крена раце. Не тренираше, туку се шеташе низ градот. Дојде првиот Интертото меч со словачката Озета Дукла и тренерот Драган Канатларовски не го зеде во очекување на трансфер. Откако дозна дека не е заминат, ноќта прати потерница. Го барале и го нашле в кафеана наутро. Оливеира ненаспан излезе на терен, како ништо да не било. По 0≠1, се налути и даде четири гола, а еден не беше признат. Така со 3≠1 победи Победа, доволни за пласман натаму со италијанската Перуџа. Оливеира играше за Вардар и Работнички, во Турција и Белгија, но најсакан беше во Победа.

Loading