БЛАЖЕ И КЕПЕ ПОКРАЈ ЦЕПЕНКО

Споменици во бел мермер на Блаже Конески и Круме Кепески ќе бидат поставени пред влезот на градската библиотека “Борка Талески” и пред Центарот за култура. Интензивно се уредува Арт плоштадот во третата фаза. Пред споменикот на Марко цепенков ќе има џампинг џет фонтана. Водените млазеви ќе излегуваат со посебна ритмика од земјата, а посебното осветлување ќе ја збогатува водената магија. Се збогатува впечатливоста со водени завеси. За реализација на зафатот на 2300 м2 ќе се вложат десет милиони денари. Со спомениците на великаните на македонската писменост, на Конески и Кепески, ќе се збогати арт плоштадот, кој ќе прерасне во литературен плоштад – вели Марјан Ристески, градоначалник. Фонтаната ќе биде на партер, со водена драматика од плочките – рече Бранко Нешкоски, ЈП за ПУП. Просторот ќе се уреди и со ново зеленило и модерна урбана опрема. Третата фаза од арт плоштадот опфаќа и продолжување на патеката на славните и комплетно преуредување и збогатување на просторот околу споменикот Марко Цепенков. Градежните активности треба да завршат пред почетокот на Пиво фестот.

Loading