Е-БИЗНИС НА ЕКОНОМСКИ

Промоција на нова студиска програма

Е-бизнис е новата акредитирана студиска програма на Економскиот факултет за академската 2011/2012 година, на која ќе се стекнуваат со знаења 70 редовни во државната квота, 30 редовни студенти со кофинансирање и 10 вонредни студенти. Профилираните студенти ќе бидат нов импулс за поефикасно користење на новите технологии во поддршка на бизнис процесите на компаниите, нивна промоција преку користење на новите медиуми и отворање на компаниите кон виртуелните предизвици, создадени од новата технологија. Деканот, доктор Ѓорѓи Манчески, изјави дека Факултетот во континуитет ги осовременува студиските програми и воведува нови, испитувајќи го пулсот на потребите на пазарот на работната сила. Факултетот секогаш е во дослух со потребите на бизнис секторот и современите трендови во образованието во земјата и странство. Затоа, покрај шесте етаблирани програми, годинава воведе е-Бизнис по моделот 4+1. Првиот и вториот циклус се акредитирани независно, а тоа значи дека оваа година Економскиот факултет ќа запишува студенти и на втор циклус на студии на оваа студиска програма – рече Манчески. Студентите имаат можност да стекнат знаења од економијата, бизнисот и користењето на новите информациско – комуникациски технологии во промоција и поддршка на бизнисите. Имплементирани се новите трендови на електронскиот бизнис и дигиталната економија. Сé што претставува предизвик на новото време и времето кое доаѓа. Електронскиот бизнис веќе достигнува големи резултати. Речиси нема компанија која не го практикува, иако имаат различен пристап. Дел го развиваат паралелно, некои целосно се потпрени, а некои компании се формирани исклучиво со експанзијата на новите информатичко-комуникациски технологии –   предочи Манчески. Посветено е внимание на изборот на наставните дисциплини да се направи подобар баланс на мултидисциплинарноста на областите.

Loading