СЕ ПОСКАПУВА – САМО ДАНОКОТ НЕ

Данокот на имот што граѓаните го плаќаат за своите куќи, станови и други недвижнини останува по ланска тарифа. Одделението за администрирање веќе ги подготви решенијата за 2011 година. Околу 23 илјади граѓани ќе добијат задолжувања. Тоа е околу десет отсто повеќе од лани. Локалните власти ќе имаат на располагање околу 35 милиони денари. Граѓаните ќе дадат придонес од околу 27 милиони, а фирмите осум милиони денари. Инфраструктурата се финансира и од данокот на наследство и подарок, од фирмарина, надомест за радио и користење на градски јавни површини во стопански цели. Подобрен е даночниот амбиент. Ѓраѓаните се дисциплинирани. Ќе собереме четири милиони денари повеќе од лани, без да го зголемиме облогот. Најдени се околу две илјади граѓани кои досега плаќале помалку или во меѓувреме стекнале имот, доградиле, адаптирале и слично. Тоа се новите дополнителни приходи, од кои се прават улици, се уредува градот, се осветлува, се гради канализација и друга инфраструктура – вели Бошко Талески, раководител на одделението за администрирање на даноци. Данокот на имот треба да се плати до крајот на 2011 година и можно е да се плаќа на рати, според нивна желба. Ланските давачки ги надоместиле околу 85 отсто од граѓаните, а само на околу стотина им биле блокирани сметките за постари обврски и за поголеми суми. Прилепчани плаќаат данок на имот по најниска стапка, во споредба со граѓаните во другите општини во земјава.

Loading