АВСТРАЛИСКИ ПАРЛАМЕНТАРЕЦ НА ГОСТИ

Градоначалникот Марјан Ристески оствари средба со Лук Симпкинс, член на Парламентот на Австралија и член на Парламентарната група во Австралискиот парламент за пријателство и соработка со РМ. Гостинот беше запознат со активностите на општината и разговараше за отворањето можности за потенцијални инвестиции. Симпкинс ќе се залага за лобирање за реализирање на австралиски инвестиции во нашиот град. Тој го разгледа центарот и населбата Варош, каде се запозна со културно – историските знаменитости на општината.

Loading