ПРВ НА БАЛКАНОТ ЛЕЧИ ДИСКУС ХЕРНИЈА БЕЗ СКАЛПЕЛ

Академик проф.д-р. Ангел Џамбазовски, специјалист за физиотерапија, хиропрактика

Редовниот професор, д-р специјалист за физиотерапија и хиропрактика, Ангел Џамбазовски кој е со прилепско потекло, а живее и работи во Скопје, ја облече одората за титулата Академик на Бугарската академија за наука и искуство. Тој е и доктор хонорис цауса- или доктор по заслуга. Познат е како експерт за реуматични – дегенеративни болести, рехабилитација на срце, вени, хемороиди, парези, парализи, дископатии, спондилози, ишијалгии, укочени зглобови… Со лекувањето на дискус хернијата без оперативен зафат, ја заокружил постапката за стекнување на титулата академик, која траела три до пет години. Од Скопје во светот промовираме нова метода за ослободување на луѓето од болки без оперативен зафат, кој инаку е многу трауматичен, комплициран и скап. Ако за хируршка интервенција се потребни 2-3 илјади евра, за спас по физикален пат потребни се 200-300 евра. Дискус хернија е нарушување на биомеханичкиот сооднос меѓу пршлените. Работејќи 40 години во физикалната терапија и хиропрактиката стигнав до сознание дека, ако се оперира еден дискус, не е решена еластичноста на мускулите што ја држат кичмата право. Ја откривме изворната причина – нарушениот мускулен тонус. Ако имате една гитара со 6 жици, од кои една затегната, друга олабавена, даваат различен мускулен тонус. Прво што правиме е да се врати мускулатурата во нормална тонусна регулација. Користиме вулканска кал. Таа, загреана на 60 степени, во дебелина од 1-2 центиметри, додава топлина во телото од надвор кон внатре, односно во длабоките слоеви на ткивата, па сé до коскениот апарат. Со интензивното затоплување вакуумно се повлекуваат заглавените нерви во каналот по природен пат. Се даваат само неколку ортопедски вежби за јакнење на мускулите. Телото го ладиме, се собира и нервот кој е надуен легнува во каналот – вели Џамбазовски. Ова е единствен метод на Центарот за интензивна рехабилитација и институт за применета кинезиологија, формиран во 1990г. под негово раководство. Тој е шеф на катедрата за кинезиологија и антропологија при Факултетот за физичка култура и е професор на повеќе универзитети во Балканот и Европа. Искуството го генерализирал и систематизирал во две врвни дела за кинезиолошка медицина, спортска физиотерапија и хиропрактика и медицинска кинезитерапија, кои можат да се најдат и во градската библиотека во Прилеп.

Крај на хемороидите

Хемороидите се лечат со еден третман со Џамбогал. Тоа е препарат од природни состојки и екстракти што додава топлина од надвор кон внатре и ги раствора крвните садови и се регулира дотокот на кислород и болката исчезнува.

ИНСТИТУТ ЗА ТЕСТ НА СПОРТСКИ ТАЛЕНТ

Работел во Швајцарија и огромна сума пари му биле заробени. Единствено парите можеле да се подигаат 1:1 со градежни материјали со кои ги изградил во Скопје двата хотели Амбасадор и Сонце. Загубил речиси милион швајцарски франци. Со германска корпорација планираат комплетен центар за рехабилитација со геријатрија и Институт за генетска кинезиологија. Ќе се тестираат младите колку се талентирани за одреден спорт без тренинг, колку може да се надгради со тренинг и на кое ниво може да се натпреваруваат.

Loading