СПОРТСКИ РЕКВИЗИТИ ЗА ПОСЕБНИТЕ ПАРАЛЕЛКИ

Спортски и забавни реквизити за подобрување на психофизичката активност добија децата од посебните паралелки од ОУ “Климент Охридски”. Донацијата е на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Подароците ги поврзавме со повод. Овојпат тоа беше 8 Април, Денот на Ромите. На учениците им се потребни спортско-забавни реквизити. Ќе им послужат за збогатување на начините за подобрување на психо-физичката состојба – вели Ирена Стојаноска. Се придонесува за раст на спортско-рекреативната активност. Тоа е добредојдено за нивното здравје – вели родителот Снежана Стојкоска.

Loading