ТЕАТАРОТ МУ Е ДОМ

Димко Вандески, актер

Димко Вандески – Ванде не мислеше дека еден ден ќе стане актер, оти родителите сакале да биде адвокат. Судбината сакала поинаку. Животни и творечки пат да му биде театарот, во кој влезе и сé уште е таму. Во негова чест е претставата “Мангите пијат чај”, што ја режира Коле Ангеловски. Вандески е еден од најангажираните артисти, во чиј репертоар влегуваат улоги од најразлични жанрови и стилови. Во актерскиот сензибилитет најмногу му “лежи” комедијата. Театарската критика забележала дека е еден од најдобрите толкувачи на карактерни епизодни улоги. Секоја улога е дел од него, сите му се драги. За срце му прирасна улогата на “Мачорот”, во претставата “Мачорот во чизми”. Ќе остане забележано дека Мачорот го играл трипати, што е вистински куриозитет. Ванде вели дека 40 години вложува љубов и елан , а театарот е негов дом. Нема ден да не појдам во театар, дури и кога не работам. Ме зароби од првиот момент. Театарот растеше и зрееше. Имаше убави и лоши моменти. Ако ја немав љубовта, немаше да бидам таму. Лесно и долговечно е сé што се работи со љубов – посочува актерот. Даде многу улоги, како многубројни деца. Главни, споредни, негови. Ками во “Болва во уво”, Скапен во “Скапен од Молиер”, Крсте во “Спиро Црне”, Смиле во “Летни Силјане”, Досе во “Бегалка”, Рако во “Мангите пијат чај”, Морис во “Одам на лов”, улогите во комедиите од Фејдо, Боби во “Од кол на кол”…. Во 1971 година ја доби наградата на ТИ “Војдан Чернодрински”, за млад актер за улогата на Соломон Крт во “Итроман Пејо”, во режија на Ацо Алексов. Ќе продолжи и натаму да дарува нови улоги, велејќи дека најдрагата награда му е што сé уште е на сцената.

Loading