МЛЕКО ОД ЕУРОТЕК

Конечно ќе се активира петнаесетина години напуштената фабрика за електронски елементи Еуротек кај селото Алданци. Но, оттаму нема да излегуваат печатени плочи за електронската индустрија, туку млеко. Фирмата Еко Шар од Тетово ја купи фабриката, без опремата и најавува дека за една година ќе пласира на пазарот поголеми количества течни млечни преработки, со акцент на долготрајно млеко, но и сите видови од тврдата млечна програма. Сопственикот на Еко шар Џеваир Османи потврди дека ја купил фабриката, не соопштувајќи детали. За една година ќе инсталираме модерна опрема, ќе ја дотераме руинираната фабрика во млекарница и ќе вложиме 2,5 милиони евра. Веќе сме во контакти со кооперантите за откуп на млеко. Пелагонија располага со многу млеко. Веќе откупуваме одредени количества за капацитетот во Тетово – изјави Османи. Државната наменска фабрика Еурокомпозит е “мајка” на фирмата Еуротек.

Loading