САКААТ “ЕНТЕР”…

Сите го испофалија 4-1 одделение од ОУ “Добре Јованоски”, а ние ги проверивме дали со право собираат толку многу комплименти. Пред сé, беа мирни. Беа на своите места со насмевка на лицата. Можеби затоа се носители на бројни награди. На конкурсот од градската библиотека за месецот на книгата, Марија Стојаноска го освоила првото место, а Деспина Башеска второто место во категоријата раскази. Марија Стеваноска и Наум Миленкоски учествувале со лични творби на темата “Убава е мојата татковина”. На годинешниот карневал Прочка освоиле прва награда за најдобра самостојна детска маска. Наставничката Олгица Велјаноска ги поттикнува на учење, им ја разбудува фантазијата и им ја открива дарбата, но и учествуваат на литературни читања. Мераклии се на цртање. Љубопитни се и со компјутерите. Првпат се среќаваат со информатиката, па ги запрашавме што сакаат најмногу да прават:

Деспина: Со компјутерот е интересно и забавно.

Кристијан: Сакаме и да си играме компјутерски игри.

Марија: Со компјутерот симнуваме слики, работиме проекти…

Сузана: Компонирам музика, а сработеното го чувам во “папка”.

Loading