СТАРТУВА ИЗБОРОТ ЗА НАЈ ПЕТКА

Продолжува веќе традиционалниот избор за нај ученик, нај наставник, нај одделение и нај училиште што го организира рубриката Петка. Со цел да се истакнат успешните ученици, наставници, одделенија и училишта и да се поттикнат и другите што повеќе да работат, и годинава гласајте и одберете ги вистинските НАЈ ПЕТКАШИ. Изборот тече до 15 мај. Најпрво номинирајте ги оние кои заслужуваат да го понесат епитетот НАЈ, а потоа гласајте преку е-маил адресата зенитпеткаЖгмаил.цом Бидете фер, искрени и непристрасни и одберете ги најдобрите.

НАЈ ученик нека биде највредниот, оној кој учи и знае, има авторитет кај соучениците и наставниците, знае да другарува и секому да подари добар збор и насмевка. НАЈ наставник би требалода биде оној чии предавања се секогаш интересни, наставник кој е другар со учениците, знае да се шегува и да ги почитува учениците. НАЈ одделение нека биде она кое е пример за целото училиште, каде царува слогата и другарството, а знаењето е на прво место. Училиштето кое цела година има бројни активности и успеси и чии вработени се грижат за доброто на учениците нека биде НАЈ УЧИЛИШТЕ. НАЈ ученик и наставник ќе биде избран од секое училиште а НАЈ одделение и училиште ќе биде само едно, она кое што ќе добие најмногу гласови преку електронска пошта.

Loading