ТРИ ВТОРИ НАГРАДИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР

За учениците од ОУ “Ордан Михајлоски – Оцка”

Три втори награди освоија шестмина ученици од музичкото училиште “Ордан Михајлоски – Оцка” на 49-от државен натпревар за ученици и студенти по музика. Камерното дуо Стефан Здравески и Симона Гешоска на пијано и на виолина, во класата на професорите Оливера Гемту (виолина) и Ролина Тутеска – Димеска (пијано), свирејќи композиции од Невел и Хајдн, освои второ место. Втори беа и Александра Гическа на пијано и Софија Станческа на виолина, во класата на професорите Оливера Гемту (виолина) и Филип Пеоски(пијано), кои отсвирија дела од Илјина и Мах. За успехот да биде комплетен се погрижија и пијанистот Кристијан Спиркоски и кларинетистот Димитар Богески, во класата на Филип Пеоски и Димитар Бузески, кои свирејќи дела од Милхауд и Дорселаер, заедно освоија второ место. Наградите се потврда за талентот на учениците, но и за залагањата на нивните професори.

Loading