FACEBOOK СТАТУСИ

Во основно: Ќе се јавам на мајка ти!!!

Ти: Добро добро немој, ќе бидам добар…

Во средно:Ќе се јавам на мајка ти!!!
Ти: Пф не ми е гајле.

На факултет: Ќе се јавам на мајка ти!!!
Ти: Хахахаха, кажи и здраво и дека ќе закаснам дома.

Х Х Х

Одиш на школо – драма, добиваш кец – комедија, доаѓаш дома – трагедија.

Леле, школото гори! Што да правиме? Трчај на бензинска по уште бензин!

Зошто морам да одам на училиште?
математика: имам калкулатор, македонски: знам да зборувам. физика/хемија: сеедно.. и онака нема да бидам хемичар/физичар, биологија: знам да ги препознаам животните, англиски/француски: гугл преведувач, физичко: знам да одам, а и да бегам од часови, кога треба.

Раширен е нов вирус ‘‘Неучитус‘‘. Симптоми: главоболка и стегање во стомакот при помислата дека има многу за учење, а има многу ‘‘поважни работи‘‘ да се направат. Лек: книгите што подалеку.

Тато, тато, за малку денес ќе добиев 5…
За малку?!
Да, доби 5 другарот што седи до мене.

Мамо, оваа учителката ништо не знае.

Како заклучи дека ништо не знае
Само нешто прашува!