МУДРИ МИСЛИ

Оној што го купува непотребното, наскоро го продава неопходното.

Среќен и навистина голем е оној кој не мора ниту да владее, ниту да се потчинува некому за да може да биде некој.

Гете

Не чезнееме за одредени места, туку за чувствата што ги будат во нас тие места.

Граф

Она што ние го знаеме е ограничено, а тоа што не го знаеме – бескрајно.

 

Вистината понекогаш боли, но лагата никогаш не лекува.

Најубаво чувство и најголема радост во животот е да осетиш дека на луѓето им си потребен и драг.

Горки

Мислењата се како задниците, сите ги имаме, но не секогаш е соодветно да ги покажуваме.

Среќата е како пеперутка, ако ја гониш – нема да ја фатиш, но ако стоиш мирно, сама доаѓа и слетува на тебе.

Сите луѓе не можат да бидат богати и значајни, но секој може да биде добар!

Не слушај ги оние кои зборуваат лошо за другите луѓе, а добро за вас!

Loading