ПОД КОНЕЦ

КАКО ИЗГЛЕДААТ УЧИЛНИЦИТЕ ВО СТРАНСТВО

Низ интернет ѕирнавме во едно училиште во Канада. Таму сé е под конец. Функционален е основниот инвентар, училницата е атрактивна со дополнителните реквизити, слики, постери, стикери, пердиња… И учениците и наставниците располагаат со совршен амбиент за предавање, односно за совладување на наставното градиво, во друг стил, по друг систем драстично различен од нашиот. Цел тим се грижи и е преокупиран со учениците. Професионално се ангажирани негуватели, логопеди, лекари, готвачи, нутриционисти, советувачи за учениците и родителите… Уште попривлечно е тоа што децата не се преоптоварени со учење, туку имаат време и за другите активности. Сите што ќе ги погледнат сликите би посакале да учат таму. Се прават напори и овде за подобрување на условите, но ваквите училишта уште се сон.

Loading