ПРВО МЕСТО ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ – ИНОВАТОРИ

Прво место во роботика и автоматика доби проектот на средношколците Иван Василески, Менде Јорданоски и Горан Стојаноски од Клубот на талентирани средношколци при Академијата Микросам на 47 та државна смотра на младите истражувачи, организирана од Народна техника на Македонија. Користејќи го NXT LEGO Миндстормс комплетот, тие успеаја да изработат макета од плотер, под менторство на Емил Тафчиоски и Игор Димовски. На смотрата учествуваа во различни области сите средни училишта од Македонија. Поради оригиналноста, иновативноста и впечатокот кој го остави средношколецот Иван Василески во презентирањето, доби прво место. Признанието претставува трамбулина за понатамошни настапи, но и верификација на функцијата на Клубот на талентирани средношколци кој работи во летниот период. Членовите на Клубот изработија макета на “FILAMENT WINDING” машина. Поради иновативноста на двата проекта, поканети се да учествуваат на Петтиот саем на наука и иновации во Бурдур Турција на 9 и 10 мај.

Loading