ДА НЕМА ВОЈНИ

МЛАДИТЕ ЛИТЕРАТИ

,,Војната долго се одмаздува,, беше темата на конкурсот за прозни творби и стихови. Преку прекрасните творби учесниците ги објаснија последиците од војните и порачаа да нема војни за никој да не страда. Во О.У. ,,Рампо Левката,, се поделија наградите, при што се кажа дека победник е оној кој отскокнува по квалитет, иако и другите дела се вредни за награда. Во категоријата поезија првото место í припадна на Бисера Пипиџаноска од О.У. ,,Кире Гаврилоски – Јане,,, а веднаш зад неа беше творбата на Бојана Тодороска од О.У. ,,Климент Охридски,,. Во категоријата проза, на врвот се истакна текстот на Теодора Тасевска од О.У. ,,Климент Охридски,,, а второто место го зазеде Антониела Мирческа од О.У. ,,Добре Јованоски,,. Две трети награди поделија Христина Трајкоска од О.У. ,,Кочо Рацин,, и Елена Стојковска од О.У. ,,Рампо Левката,,. Манифестација традиционално ја организира Меѓуопштинскиот центар на цивилните и воените инвалиди од Прилеп, Крушево и Македонски Брод во соработка со литературната секција во О.У. ,,Рампо Левката,,.

Loading