СТРАТЕГИЈА ЗА КУЛТУРЕН РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИЈА

Стратегија за развој на културата во Пелагонија ќе биде подготвена по неколкудневната работилница во Битола. Беа посочени потенцијалите на општините во регионот и културните институции за заедничко дејствување. На работилницата учествуваа раководители на културните институции од регионот и од Долна Нормандија. Поента е децентрализацијата на културата, поттикнувањето на партнерската соработка меѓу националните, регионалните и локалните културни институции и граѓанскиот сектор, како и уметничката размена и мобилност меѓу Македонија и Долна Нормандија – вели Тони Чатлески, директорот на ЦК “Марко Цепенков”. Работилницата ја организираа Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата од Скопје “Локомотива” и Регионалниот центар за култура, етнологија и техника на Долна Нормандија, со поддршка на Министерствата за култура и локална самоуправа.

Loading