КНИГИ ОД СВЕТСКИ ПРИЗНАТИ АВТОРИ

Во Библиотека

Стотина нови наслови доби Библиотеката во рамките на проектот “Превод на илјада стручни и научни книги и учебници од врвните светски Универзитети”. Во книжниот фонд ќе се евидентираат Енциклопедијата на светската климатологија, “Жив фолклор” од Симс и Стивенс, “Вовед во алгоритми” од Томас Кроман, “Компјутерски системи, перспективи на програмерот” од Брајан и Халарон, “Менаџмент” од Дафт, “Интернет и програмирање” од Дејтел и Дејтел и други. Новите книги привлекуваат нови читатели. Инаку, на рафтовите се најде и книгата драми “Аеродромци” од актерот Сашо Тасевски, која има пет драмски текстови. Тасевски е актер во Драмскиот театар. Беше прогласен за најдобар актер на МТФ “Војдан Чернодрински”. Магистрирал на тема” Театар во празно”. Автор е на збирката драми” Шмизла”, на драмата “Интермецо”, на романите “Пеперутка” и “Угурсуз”. По негово сценарио во 45 епизоди е снимена играно – куклената серија “Времето денес” во режија на Боњо Лунгов.

Loading