АКВАРЕЛОТ ДАРУВА ЖИВОТ

Илија Кавкалески, сликар

Илија Кавкалески е 78 годишен сликар, кој неуморно твори, иако е во поодминати години. Постојано е со четката во рацете. Создава акварели за кои вели дека се убавина. Не го заборава родниот град, прилепчанецот кој долги години живее и работи во Скопје. Го овековечува со сликите. Природен феномен е да се твори, да се создава ново уметничко дело. Ме праша колега како ја минувам староста, дали творечки или во прошетки. Го прашав, како е татко ти, а тој ми рече, така-така. Ми се допаѓате како човек кој живее за создавањето. Затоа велам дека живеам од уметност и за уметност- вели Кавкалески. Акварелите го враќаат назад во животот, во детството. Акварелот е изненадување при патување, во смисла на убавина. Сликите се прават од задоволство или со задоволство. Акварелот ми е мерак од ученик. Наставниците сакаа да создавам во водената техника, оти доаѓал до израз мојот талент. Друго ништо не ме интересираше. Цртањето ме извлекуваше од другите предмети, по кои навистина бев слаб – се сеќава Илија. Посочува дека акварелот е убава техника. Се оди од реална во имагинарна фантазија. Нешто што е магловито, ама убаво. Нешто се наѕира, нешто не. Исто како и во љубовта и во секоја друга работа. Нешто што е дофатливо, а го немаш. Инспирацијата ми е толку важна, колку мотивот да го преточам во друга форма, во слика која ќе плени. Не сум ги броел создадените акварели низ годините. Многу се. Не можам да се сетам колку. Дури ако не сум го потпишал, како често ми се случувало, не знам дали бил мој – додава сликарот. Објаснува дека помладите сакаат да работат акварели иако е тешка техника. Младите сакаат сé што се разлева, што се растура, па можеби и заради тоа повеќето ја практикуваат оваа техника. Прилепскиот пејзаж доминира. Асли прилепчанец сум и по наследство, но и по уметност. Градот има магична дарба, зрачи, има топлина што предизвикува да го насликаш, да го овековечиш – објаснува Илија Кавкалески.

Loading