“ МАНГИТЕ ПИЈАТ ЧАЈ “ НА СЦЕНА

Театар

Започнаа подготовките за претставата “Мангите пијат чај” по текст од Драгослав Михаиловиќ, во адаптација и режија на Коле Ангеловски, која ќе биде премиерно прикажана на почетокот на април. Претставата е римејк на проектот од 1977 година. Режисерот Ангеловски вели дека “Мангите…” е интересен и актуелен текст, одличен за претстава. Се отсликува сегашноста. Погоден е за актерски остварувања. Претставата е и подарок за пензионирањето на актерот Димко Вандески. – вели Ангеловски. Играат Игор Трпчески, Владимир Ѓорѓијоски, Зоран Иваноски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Наташа Наумоска, Виолета Чакарова, Димитар Ѓорѓиевски, Најдо Тодески, Марјан Чакмакоски, Андон Јованоски, Димко Вандески, Благоја Спиркоски – Џумерко и Трајче Иваноски. Сцената и костимите ќе ги работи Илина Ангеловска, а музиката Христо Бојаџиев. Текстот “Мангите пијат чај” првпат на сцената на театарот “Војдан Чернодрински” е поставена во 1977/78 година. Ја режирал Ацо Алексов. Била прикажувана 25 пати, а ја гледале над шест илјади посетители.

Loading