ФРАНЦУЗИТЕ РАБОТАТ ЗА МАГДИНЧЕВ

Во Челенџ купот падна силниот Мио Бигано

Ждрепката го одреди францускиот Мио Бигано за ривал во четвртфиналето од Челенџ купот. Во Ж. Прилеп го респектираат како клуб од реномирана ракометна земја, но не истакнуваат бело знаме, туку достоинствен отпор. Почна собирањето информации преку тренерот Ристо Магдинчев, кој години работеше во Париз. Негувам контакти со многу пријатели, тренери, новинари… Бргу ќе имам слика за добрите и слабите страни на противникот – најавува Магдинчев. Мио е на петтото место од првата лига. Има шест интернационалки, од Бразил, Полска, Литванија, Австрија, Тунис и Словачка. Во претходната рунда ја елиминира Јагодина од Светозарево. Од Србите чекам снимки. И натурализираната Македонка, Драгица Кресоја, сега во Авр, може да помогне. Максимум ќе вложиме, а со двете Русинки, верувам дека ќе сме кадарни да се спротивставиме на ниво – истакнува Магдинчев. Првиот меч е на гости на 12 или 13 март во малото место близу Бордо, а реваншот седум дена подоцна во “Сонце”.

Loading