УСПЕШНО СОБРАНИЕ

ОФС Прилеп

Одржано е редовното Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз. Присутните на чело со претседателот Марјан Стојкоски, секратерот Петре Илиоски и членот Коста Јанески, го усвоија записникот од претходното собрание, од март 2009 година, извештајот за работата на органите и телата. како и статутот на Сојузот. Во УО наместо Кроне Мантароски е Горан Касниоски. Во големата сала од Локалната самоуправа, имаше мнозинство делегати – 36, а работата ја следеше претседателот на ФФМ, Хари Хаџи – Ристески..

Loading