ШАНСА ЗА ПОЛУФИНАЛЕ

Наредните европски дуели во март

Жито Прилеп е меѓу четвртфиналистите во Челенџ купот. Со поволна ждрепка, доаѓа шанса за полуфинале и подвиг на клубот со пет годишно искуство. Знаеме само еден потенцијален ривал, Хандбал Академија од Холандија. Таа победи во двомечот со португалската Колегио де Гаја – велат од клубот. Натпреварите се во почетокот на март. Противникот ќе е атрактивен, без разлика дали е од Холандија, Франција, Србија… На повидок е спектакл. Со нетрпение ги очекуваме дуелите, посебно дома. Преубаво е да се виде преполна арената “Сонце” – истакнуваат од Ж. Прилеп.

Loading