ПОСВЕТЕНОСТ НА ПРОЕКТОТ МЕТАЛУРГ

Ракомет: Жито Прилеп засилено се подготвува

Дуелот за титулата е на 26 февруари

РК Жито Прилеп, без борба, го елиминира грчкиот Арион. Се пласира во четвртфинале од купот Челенџ. Од европската, се враќа на домашна сцена. Во мислите е дербито, одлучувачко за титулата на 26 февруари во Скопје, со првакот Металург. Девет контроли до судниот меч. Неизвесно е колку ќе одиграме. Отпадна тест во Србија, два не се одиграа со Гркинките. Тешко најдуваме противници – вели Ристо Магдинчев, тренерот. Викендов гостува велешки Леов бартек. На петте контроли, како шеста е првенствената од првото коло дома на 19 февруари со Ѓорче Петров. Има изгледи за реванш со српската Наиса, наредната недела. Добродојдене е уште една контрола со силен ривал – истакнува Магдинчев. По откажувањето на Гркинките, продолжија тренинзите двапати дневно. Присуствуваат 15 првотимки. Тренингот не е адекватна замена за меч, но сите се трудат пропуштеното да се надополни. Навивачите очекуваат нови, но во клубот потенцираат дека тие се само на проба. Исто е и без нив и со нив. Целта е стигнува само со макотрпна работа. Голманката Пантиќ од Србија одржа тренинг и замина со за враќање. Се очекуваат Русинките Черникова и Ринкова.

Гркинките малку ракометарки, повеќе политичарки

Ако не се натпреварите со ривали од Грција, нема никогаш да се соочиме со политика во спортот. По нивна “заслуга” пред година ипол, кога откажа Мегас Александрос, реагираа за амблемот со сонцето, за името на салата “Македонија”. Сега исто. Во контакти по фејсбук, ракометарките на Арион биле категорични дека додека не се повлече амблемот нема да играат. Додавале “вие сте Скопје” и слично. А од нив се бараше, само да се ракометарки. Европската ЕХФ не ја интересира политика, географија, историја, археологија. Во спротивно двете страни би ангажирале научници. ЕХФ е категоричен дека секој клуб има право да носи симболи со кои е пријавен во Федерацијата.

Loading