ОПТИМИЗАМ “ВРИЕ” КАЈ МЕГЛЕ И ГЕШО

Фудбал: Второлигашот 11 Октомври го воигрува тимот

Имаме квалитет за прво место – порачува Мегленски 

 

Три недели се е според планот во подготовките на второлигашот 11 Октомври. Задоволството е од реализираното. Фудбалерите признаваат дека професионално никогаш не работеле како сега. Новиот Тони Мегленски е полн со оптимизам. Работа, квалитет, конкуренција. Сé е прволигашки. Местото ни е меѓу трите најдобри. Нема кој да не сопре – порачува Мегленски. Другарството е важен фактор. Како едно сложно семејство се исполнуваат обврските. Дисциплината е на потребно ниво. Отсуствата се ретки и оправдани поради настинка или ситна повреда. Фондот е 31 фудбалер. Имаме одбрана на сите позиции. Искуството и младост. Одвај чекаме да тргне пролетната борба за бодови. Прилеп заслужува и ќе добие прволигаш – вели Благојче Гешоски. На тест мечевите голмани се Коруновски и Кебакоски, бекови Димитриоски и Рутески, стопери Ф. Мирчески и Данилов, средни Кулески, Мегленски, Дунимаглоски, И. Мирчески, напаѓачи Гешоски и Мојсовски, а во комбинација се уште Сркески, Игески, Гиноски, Димитровски, Карески, Милошески, Здравески, Бошкоски, Крстески, Богоески, Спиркоски, Наумчески, Касниоски, Иваноски… Петрески се врати на тренинзи, повреден е само Ацески. Задоволен сум. Сите даваат максимум. Физичката издржливост е одлична, а корекции треба во додавањата и реализацијата. Ќе се поправиме – смета Николче Здравески, тренерот. Во тимот влегуваат шест – седуммина надежни. Пред нив е шансата за влез во тимот на иднината – 11 Октомври.

Победа во Кавадарци

11 Октомври триумфираше во Кавадарци, над Тиквеш, со 0-1. Голот е дело на Димитровски. Претходно се одигра меч со прволигашот Пелистер во Големо Коњари, каде победи гостинот во рамноправна игра со 1-2. Погодокот за домаќинот го даде Гешоски. В недела е третиот тест, кај прволигашот Брегалница во Штип.

Loading