В “КАНЏИ” НА МЗТ

Кошарка

Викендов е тешко гостување на У. Баскет, “в канџи” на фаворитот МЗТ во Скопје. Извесен е пораз, а вниманието се свртува на друга страна. Ултимејт баскет по поразот дома од Куманово (86-101), е во потрага по засилувања. Стручниот штаб итно бара играчи, посебно за центар, откако замина Србинот Јовановиќ. Немаме решение. Играме со неискусни, млади кошаркари. Добро е да доведеме нови – вели Сашо Костоски, тренер на У. Баскет. И со порази, никој не забележува. Гледачите ги поддржаа неискусните и со аплауз го наградуваа секој убав потег. Вистински јунаци се. Ништо не е загубено. Можеме да избориме опстанок – истакнува Костоски.

Loading