ЧИТАТЕЛИТЕ ИЗБИРААТ ЗАБАВУВАЧ НА ПИВО ФЕСТ

Точно 20 естрадни ѕвезди од македонската и странската сцена, Зенит ќе понуди за избор на читателите за најатрактивен гостин следното издание на Пиво фестот во јули. Изборот ќе е сугестија до организаторот, локалната самоуправа, полесно да селектира спектакуларен забавувач. Тоа ќе е наш глас за привлекување на илјадници гости од земјава и соседството да ја поделиме сите традиционалната “слава” на пивото во центарот на градот. Изборот ќе се врши на нашата интернет страница www.zenitprilep.com.mk Секој петок ќе ги објавуваме резултатите на неделниот избор. Организаторите покажаа подготвеност да ги земат во предвид нашите сугестиии да ги ангажираат омилените интерпретатори, кои умеат да создадаат ѓумбуш атмосфера. Тоа е знак за чувство за интеракција со граѓаните. Од овој број ги објавуваме имињата за гласање за атрактивните ѕвезди музичката сцена. Понудата сметаме дека е доволно популарна за избор на топ забавувач. Кандидати за кревање на адреналинот и за придонес во незаборавната фешта се:

Домашната естрада

Странска естрада

Гоце Арнаудов

Здравко Чолиќ

Бени Шакири

Лепа Брена

Тони Зен

Мерлин

Елена Велеска

Тони Цетински

Дани

Жељко Самарџиќ

Супер Хикс

Харис Џиновиќ

Елена Ристеска

Наташа Беквалац

Сузана Гавазова

Горан Бреговиќ

Феруз

Аца Лукас

Ани Малинкова

Весна Вукелиќ – Венди