СКОК СО ДРВЕНИ МОСТОВИ

СКОК СО ДРВЕНИ МОСТОВИ

Кеј на Градската река – 1915 година. Монотонија. Не се мостовите во Мостар или камените мариовски. Тоа се дрвени мостови на романтиката. Дрвени креации за преминување од еден брег на друг, од еден крај на друг, од еден живот во друг. Течението на Оревоечка река и дрвените мостови е будење на сеќавањата кај прилепчани. Се уште недостасуваат премини за поврзување на едната и другата страна.

Loading