АРАМИЈА УКРАЛ ЗЛАТО

Непознат крадец од женска чанта во куќа во селото Дебреште украл поголемо количество пари и златен накит. Кражбата се случила додека во куќата на И.М. немало никој дома. Крадецот, велат од МВР, влегол преку дворот, ја отворил влезната врата и од женска чанта, го украл накитот и евра со различни апоени, а потоа побегнал преку прозорец. Полицијата трага по крадецот.

Loading