Прилепчанец се самозастрелал со ловна пушка по кавгата со сопругата. Завршил во Клиничкиот центар во Скопје. Прилепчанката А.М. (40) во пријавила дека имала расправија со сопругот Д.М, дека ја малтретирал и тепал. По расправијата, успеала да избега кај соседите. Сопругот Д.М. ја зел ловната пушка, поседувана со дозвола, легнал на креветот во спалната соба и си испукал еден куршум во пределот на вилицата. Се здобил со тешки повреди. Полицијата пронашла траги од крв и ткиво и празна чаура. Во полиција бил приведен и 20 годишниот син Д.М. Полицијата го расветлување на случајот.