“ПИСМО” КОЕ СЕКОЈ ГО РАЗБИРА

Шест години е со флејтата во душата. Свири сé Дијана Јованоска. Од сонати, кратки и подолги дела. Има 14 години. Пофалницата на 47 – от Државен натправар на ученици и студенти ја бодри во нејзината определба за флејтата како понежен инструмент. Се мислев меѓу клавир, виолина и флејта. Флејтата ме повлече во брановите на класичната музиката. Во моето семејство сум талентираната идна композиторка. Хендел, Гарибалди ми се омилени композитори. Инстументалниот занес на музиката храбри да се зацврстам, свирејќи и вежбајќи секакви дела. Музиката е писмото кое секој го разбира – кажува Дијана, која редовно настапува на концерти. Знае дека основата секаде, па и во музиката, е важна. А таа имала и теоретска и практична потковица. Планира средното музичко образование да го продолжи во Скопје или Битола.

Loading