СПОРТСКА САЛА ОД 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Учениците и наставниците од ОУ “Рампо Левката” весело, со игра и песна ја завршија минатата година. Така ја почнаа оваа. Свеченото отворање на спортската сала беше со присуство на градоначалникот Марјан Ристески. Убаво е кога се инвестира во иднината на младите. Потребни се физички здрави деца. За реконструкција и изградба на сали, градов има одвоено четири милиони евра. Треба само одржување на изграденото. Салата чини околу два милиони денари. Тоа се пари, вложени за образување во европски услови – порача градоначалникот Ристески. Директорката Соња Блажеска се заблагодари за реконструкцијата на салата градена во 1964 година. Сé се дотерува за децата. Салата, теретаната, фитнес салата, соблекувалните. Сакаме поголеми резултати и успех на учениците. Сакаме да се гордееме. Ќе го уредиме во спортски дух игралиштето во дворот како и празната површина надвор. Треба реконструкција на скалите. Благодарни сме на донаторите на реквизити во вредност од 40 илјади евра – забележа директорката Блажеска.

Loading