САНИРАЊЕ НА КУЌАТА НА ,,МУЗИКАТА И МУЗИТЕ”

Градоначалникот Марјан Ристески и советникот за образование Марјан Матракоски разговараа со вработените во музичкото училиште за потребите за напречено одвивање на наставата. Придружени со звуците на пијаното, изразија подготвеност да помогнат. Ристески укажа на воведување на нови инструменти за изучување, сакани од музикалните прилепчанчиња. Сите се задоволни што нема да им тече покривот, закрпен со десет илјади евра. Ќе се инвестира и во зградава за да се средат скалите, фасадата, подот. Нема да има проблеми со инвестирањата се со цел да се поддржат музикалците и дечињата – рече Ристески. Училиштето првпат е реновирано 1949, а директорот Каранфил Колески вели дека постојат солидни услови за работа, но може и подобри со оглед на интересот за свирење и пеење. Недостасуваат уште две – три простории. Учениците учат повеќе инструменти. Најзаинтересирани се за клавир. Можно е да воведеме и гитара – рече Колески. Биле одделени околу 300 илјади денари за реновирање на санитариите, инвентарот, новите преградни ѕидови и фасадата.

Loading