ТОНИ ЧАТЛЕСКИ ВТОР МАНДАТ ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА

Тони Чатлески повторно ја доби довербата да биде директор на ЦК “Марко Цепенков” во наредните четири години. Министерството за култура почитувајќи го ставот на Комисијата за култура го избра Чатлески да ја води институцијата, сметајќи дека поседува стручни и професионални квалитети. Програмата што ја понудил содржи значајни согледувања за натамошниот раст и развој на установата, како од програмски аспект така и во поглед на инвестициските вложувања, со што ќе се подобрат условите за остварување на програмските активности.

Loading