РЕЦИТАТОРСКИ ВОСХИТИ ВО ВЕЛЕС

Теодора Цветаноска, 8-б одделение, во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” е среќна што учествувала на 43 – те Детски Рацинови средби со песната “Љубовта никогаш не останува”. Се дружев со деца од други градови. Бев сместена кај непознато другарче. Беше интересно и ново искуство. Го запознав Велес и бев дел од културни манифестации – кажува Цветкоска. Чувството од признанието на Градската библиотека не може со збор да го опише Елена Бојческа од 8-г одделение. Иако, со личната творба ,,Восхит на душата,, ја восхитила комисијата на Градската библиотека, за која се закитила со прва награда. Песната “Езеро” од Матеја Матески успешно ја прочитала Стефанија Рикалоска од 8 – в одделение. Била првонаградена за рецитирање. Поубаво не сум се чувствувала. Пишувам проза од три години. Сакам да објавам книга. Најголема инспирација ми е животот – кажува Стефанија. Градската библиотека традиционално одбра најдобар библиотекар за 2010 година. Овојпат тоа е осмоодделенката Христина Николовска, која зеде трета награда за творбата “Во светот на искреноста, вистината, љубовта и добрината”.

Loading