ЛИЗГАЊЕ, ЧИТАЊЕ И ДРУГАРУВАЊЕ

Ангела, Наталија и Наташа се шестто одделение во ОУ “Рампо Левката”. Среќни се што зимскиот распуст го искористиле максимално за дружење, зашто убавото време им го дозволило тоа. Ангела Стојаноска вели дека Маврово и белината на снегот ја разнежниле. Се рекреирала. Одвоила време да прочита нешто. “Оливер Твист” ја раскажала со бистар ум како водичка. Наталија Трајкоска за распустот пронашла занимација на фејсбук. Но не ги оставила и одбојката и читањето на лектири. Соученичката Наташа Паноска уживала читајќи ја “Девојката со портокалите” и “Оливер Твист”. И било прилично убаво, зашто имала време за другарување со пријатели. Ана и Ѓорѓи се помали. Тоа не ги спречува да се радуваат на 20 дневниот одмор. Велат тоа е време за другарување и зимување. Ана ја посетила Бугарија, а Ѓорѓи го искористил снегот на Пелистер.

Loading