ХУМАНИТАРНА ИЗЛОЖБА НА ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ

ХУМАНИТАРНА ИЗЛОЖБА НА ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ

Околу 130 дела, ликовни творби, портрети, пејзажи работени во туш техника, молив, темпера, потоа глинени сувенири, од гипс, рачни изработки на накит од ученици од гимназијата беа изложени во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. На гимназијалците роденденот на Тоше им е доволен повод да ја покажат хуманоста, изложувајќи дела за продажба. Со парите од купените дела, тие планираат да помогнат на семејства или другарчиња на кои им треба помош. Постојат многу сиромашни семејства кои немаат исти удобности како и ние. Од тука идејата за хуманитарна продажна изложба. Со помош на наставниот кадар и директорката на гимназијата широкоградо поттикнавме хуманост – вели Надица Корубиноска, од прва година гимназија. Овојпат, на присутните им беше оставено на свесноста во малата кутија да донираат колку што сметаат дека вреди трудот од нивните деца или идни креатори на сегашноста и иднината.

Loading