КАПА ЗА ЦЕЛ ПАЗАР

Ќе се допокрие целиот градски пазар на преостанатите 2700 квадрати од зелениот пазар. Инвестицијата е 1,6 милиони денари. Паралено се градат тоалети за исполнување на сите хигиенско технички услови. Пазарот прераснува во еден од најдобро организираните во земјава. Поплочени се пет илјади квадрати со бехатон плочки. Дислоциран е текстилниот пазар во посебен дел, одделен од земјоделските производи, кој ќе биде покриен за околу 80 илјади евра – вели Пецо Димоски, директор на ЈП “Пазари”. ЈП Пазари ќе ги обновува тезгите и ќе го уредува сточниот пазар. Најдена е финансиска конструкција и за реновирање на управната зграда, но и за комлетно уредување на млечниот пазар.

Loading