ПРИЛЕП СО ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЌЕ ЈА ЗАШТИТУВА ОКОЛИНАТА

Прилеп со ЕУ се технички подготвени за изградба на пречистителна станица на отпадните води, чија реализација тргнува годинава. Прилеп доби виза од ЕУ за користење на околу 6,5 милиони евра од предпристапните фондови, а Македонија и Прилеп ќе вложат уште околу 12 милиони евра за заштита на животната средина. Проектот за собирање и третман на отпадните води опфаќа конструкција на современа пречистителна станица и изградба на нови канализациони линии и рехабилитација на колекторите и постоечкиот канализационен систем, бидејќи е констатирано загадување на Оревоечка река, поради мешање на фекалните и атмосферските води. Ерван Фуере смета дека проектот е важен на патот на Македонија за ЕУ. Третманот на отпадните води е од суштинско значење за здравјето на луѓето. Тој е прв проект е што ЕУ го поддржа, бидејќи годишно обезбедува 100 милиони евра за реформи во земјата – изјави Фуере. Комплетно ќе ги решиме отпадните води на долг рок- вели градоначалникот Марјан Ристески. Системот за пречистување на водите по европски стандарди ќе го експлоатираат засега околу 76 илјади жители на Прилеп. Тој ќе ги намали здравствените ризици на населението и ќе ја редуцира опасноста од загадување на водите.

Loading