Сакип Бејтулоски – оџачар
Чистењето е потребно за безбедност најмалку еднаш годишно
Чистењето на оџаци во европските земји е нормална работа за која постојат фирми кои оџачарите ги плаќаат за извршената услуга. Стотина евра за чистење или 50 за контола не е товар за странците да дишат во просторија каде нема да бидат загушувани од чад. Згора, нема да им се чадат и замирисуваат и ѕидовите, пердињата… Има куќи неваросани со години. Ѕидовите помодреле од чад. Само специјални бои го покриваат гнасотилакот и во домот да “потече” здравје. Оџачарите само треба да им помагаат на бојаџиите и домаќинките од ризиците, а и на пожарникарите.
Бејтулоски прави генералки со картон на оџаците
Илјадници куќи годишно имаат потреба од прочистување на “грлото од оџакот”. За тоа “живее” оџачарот Сакип Бејтулоски. Тој интервенира и зиме, а ретко лето. Вели дека оџаците треба да се чистат до двапати годишно. Со 36 години искуство во занаетот, Сакип Бејтулоски ја продолжил традицијата од родителите. И неговиот 36 годишен син покажувал интерес да го наследи. Сезонско е чистење на оџаците. Се “спаструваат” пред да се вароса или пред да се запали печката. Осојничавите дрва ги затнуваат оџаците. Помалку саѓи прават сувите дрва. Оставаат како мрснотија на ѕидовите на оџакот. Се палат оџаците да изгорат ѕидовите и мрснотијата. Некои се плашат да не нé ги изгаснат – кажува Бејтулоски.
Оџаци во згради можност за компликации
Мајсторот за оџаци не им создавал ѓубре на домаќините, оти не валкал со саѓите. Се качувал по покривите без скали, а некои чистеле без да се качат. Чистењето на зградите од долните катови е комплицирано. За запалувањето треба да се провери како оди оџакот во меѓукатната конструкција. Оџакот од цигла се чисти без мака – објаснува Бејтулоски. Чистел и со сајли, со жици кои обично се виткаат и како еж се вртат во оџакот да се отстранат грутките ѓубре. Применувал и топуз, топка, џуле. Со посилен контакт меѓу ѕидовите и топузот се корни јагленосаната грутка на некое место во оџакот и се чисти. Оџаците се чистат за три часа.
Среќа и несреќа
За оџачарите се вели дека носат среќа. Некои мислат различно. Мислат дека носат несреќа, оти се облечени во црно. Како и да е, нужност е користењето на нивното знаење за безбедност на домовите. Затоа занаетот е стар и одржан.