ЌЕ СЕ РЕНОВИРА КУЈНАТА

Старски дом

Во старскиот дом продолжува тенденцијата на подобрување на условите за престој на околу 150 станари. Според директорот Дарко Рибароски, продолжуваат вложувањата. Комплетно ќе ја реновираме кујната и ресторанот со современа опрема за побезбедна подготовка на храната. Ќе инвестираме три милиони денари. Ќе се реконструираат и собите. Во секоја ќе има тоалет. Ќе се менува и дограмата за штедење на топлинска енергија. Во таа насока е реконструкцијата на системот за користење на сончевата енергија. Ќе се гради просторија за постмортална нега, бидејќи треба да се исполнуваат нормативите – вели Рибароски. Лани комплетно се реновирани санитарните јазли, променета е дограмата и подните плочки.

Loading