ОЛИМПИСКИ КАНДИДАТ ЗА ЛОНДОН

Борење

По успехот на Мартин Стојаноски во Дупница, Бугарија, еуфорија во боречкиот клуб 7 Мај Леов. Откако собори со “туш” Србин и двајца Бугари, стручњаците сметаат дека Стојаноски има талент за високи дострели. Може да оди на врвни натпревари. Стојаноски го гледам како кандидат за олимпијадата во Лондон или во Рио де Женеиро – истакнува тренерот Илчо Марковски. Стојаноски е 16-годишен кадет, до 50 килограми. Прераснува во одличен борач, водечки во земјата на негова возраст. Тактички, без брзање, исчекував шанса да ги соборам ривалите. Бугарите се светска сила, но ги шокирав – задоволен е Стојаноски.

Loading