НАТЕЖНАА ПОРАЗИ

Кошарка

Колата на Ултимејт баскет тргна надолу. Машкиот кошаркарски прволигаш од хит на есента, кога во првите шест кола “нанижа” четири победи, стана катастрофа! Се поблиску е дното од табелата, каде се деветтото Куманово и десеттиот Пелистер. Последицата е од осум порази во серија, на гости од Куманово, Пелистер, Работнички, Торус, Овче Поле и Фени, дома од МЗТ и од Лирија. Можевме нешто повеќе, но загубивме и добиени мечеви. Посебно, поразот од Лирија остави траги. Пропуштеното ќе се надополни напролет – велат кошаркарите. Бидејќи спортската арена “Сонце” се реновира, Ултимејт баскет има тренинзи во малата гимнастичката сала од КГС Партизан. Зимската пауза е куса, на почетокот од идната година е купот. Првенството продолжува на 29 јануари, кај АБА Струмица.

Loading