БЕСТРАШНИ ДЕВОЈКИ

Ултимејт фајт

Ивана Тренкоска и Катерина Атанасоска од клубот “Максам” се првите девојки на Балканот, кои излегоа на мегдан во новата, тешка дисциплина ултимејт фајт, боречка вештина каде ривалките се истоштуваат до крај. Судијата не прекинува дури не види поразена на подот. Не е лесно за гледање, а има публика која сака удари. На дебито дадоа сé од себе. Победи Катерина, но и Ивана се покажа – вели тренерот Пеце Ангелески. Помогна и боречкиот тренер Саше Игњатовски. Ивана Тренкоска победи во вториот обид, во кик бокс, исто и Мартин Димески, а младиот Тарик Рашо во пораз покажа талент. Главниот меч на вечерта во ултимејт фајт, на Керол Петрески е прекинат поради прекршок на аматерските прописи. Следува настапот во Струмица во февруари.

Loading