ТАБЛАТА ИМ Е ИГРАЧКА

Шах

Единствената шаховска школа запишува најмлади членови од претшколска возраст, со кои работи велемајсторот Звонко Станојоски. Задоволен е што децата повеќе сакаат црно – бела табла од играчки. Ги знааат основите. Дома играле со родителите, дедовците и ги научиле правилата. Имаат талент и желба – задоволен е Станојоски. Школата постои една година и под покровителство на неговиот клуб, скопски Алкалоид, а ги користи просториите на ШК Прилеп. Младите се вклучени во Лига, каде се одиграни шест кола. Двапати ремизираа, четирипати загубија. Најуспешен е Мартин Николоски, двократен државен првак кај средношколците.

Loading